Седумнаесетгодишно момче е застрелано при пукање во трговски центар во предградието на Денвер, САД, а бројните посетители на трговскиот центар панично бегале барајќи место да се скријат, јавуваат американските медиуми. Убиен бил Натан Поиндекстер, кога вооружен напаѓач отворил оган на горниот кат на трговскиот центар.
Полицајците кои патролирале во трговскиот центар реагирале на пријава за пукање и го пронашле 17-годишното момче повредено, кое потоа било однесено во болница каде што починало.
Портпаролот на полицијата во Аурора, Ентони Камачо, изјави дека полицајците барале барем еден осомничен, кој употребил пиштол во пукањето што се случило во 4 часот попладне во продавцница во трговскиот центар Аурора.
– Не веруваме дека постои закана за пошироката јавност – им рече тој на новинарите.