Вооружениот напаѓач кој вчера уби осум лица во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, е 19-годишниот Брендон Хол, поранешен вработен во компанијата со психички проблеми. По нападот, момчето се самоуби. Меѓу осумте убиени има четворица членови на верската заедница Сика.
Полициските службеници изјавија дека засега не можат да утврдат дали мотивите за крвавиот напад се расна или етничка омраза. Уште неколку лица беа повредени и пренесени во локалните болници со сериозни повреди.
– Нападот траеше само неколку минути и заврши веднаш штом полицијата пристигна на местото на настанот – рече началникот на полицијата, Крег Мекарт.
Очевидци изјавија дека нападот бил хаотичен, а напаѓачот отворил оган од пушка на паркингот пред да влезе во зградата, каде исто така продолжил да пука, оставајќи ги зад себе жртвите надвор и внатре во зградата.