Тинејџер, по потекло од Алжир, го спаси животот на двегодишно девојче кое паднало од втор кат од зграда во Истанбул.
Девојчето паднало право во рацете на 17-годишниот Феузи Забат, кој во моментот се наоѓал на улицата под зградата и видел дека бебето било оставено само покрај отворениот прозорец, пренесува Би-би-си.
-Поминував по улицата кога го видов девојчето на прозорецот. Таа падна и фала му на Господ што ја фатив пред да удри на земјата – вели Забат.
Во моментот на несреќата, мајката на девојчето готвела.
Бебето е добро, а неговите родители го прогласија Забат за херој.