Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, напиша љубовно писмо до Велика Британија, изразувајќи длабока болка за брегзитот дека секогаш ќе бидат добредојдени да се вратат назад, пренесува „Гардијан“.
– Длабоко бев повреден кога решивте да заминете. Но, истовремено, ме теши помислата дека семејните врски всушност никогаш не може да се прекинат. Уште додека одев во британското училиште во Рим, ти секогаш беше дел од мене. Сега заминуваш и тоа ми го крши срцето – напиша Тимерманс.
Британија би требала да ја напушти Европската Унија на 31 јануари. Рокот за брегзитот неколкупати досега беше одложуван. Потоа ќе следи преоден период од 11 месеци, во текот на кој треба да се постигне договор за идните односи со Унијата.
– Сега те знам. И те сакам. Поради тоа што си и што ми го пружи. Јас сум како стар љубовник. Неодамна прочитав прекрасна книга со љубовни писма до Европа. Тоа ме натера да размислувам за љубов кон Велика Британија – пишува потпретседателот на Европската комисија.