Технолошките гиганти „Амазон“ и „Мајкрософт“ се борат за договорот вреден десет милијарди долари од Пентагон, предвиден за проектот за создавање на првиот „воен облак“ – компјутерски систем со податоци за армијата на САД, пренесува „Гардијан“.
Системот со официјален назив „План за заедничка корпоративна одбранбена инфраструктура“, ќе складира и пренесува доверливи воени информации, овозможувајќи му на Пентагон да се служи со вештачката интелигенција за да го забрза военото планирање и борбените способности. Министерството за одбрана се надева дека ќе го одбере изведувачот на договорот до август годинава. Двајца од конкурентите, „Оракл“ и „ИБМ“ беа елиминирани во претходната рунда во битката за договорот.
Овој договор ќе биде клучен за националната безбедност на САД, а воените претставници се надеваат дека деловното партнерство ќе започне што побрзо.
– Не се работи за обичен Интернет. Станува збор за мрежа која ќе ја користи Пентагон за да испраќа доверливи информации и наредби директно до бојното поле, во ушите на нашите војници – вели Даниел Гуре, претседател на институтот „Лексингтон“.
Компјутерските способности на серверот би можеле да помогнат и да ги анализираат податоците собрани од авионите за надгледување, за да предвидат кога опремата треба да се одржува и да ја одржи комуникацијата со трупите доколку сателитската комуникација падне.
Компанијата „Амазон“ беше првиот за да биде прогласен за добитник на договорот, но набрзо и „Мајкрософт“ се вклучи во трката за серверот. „Мајкрософт“ оваа година ја помина во промени и адаптирања со цел да ги задоволи безбедносните барања на владата.
„Амазон“ беше првиот, најран фаворит за проектот поради договорот за безбедносниот сервер кој го има склучено со Централната разузнавачка агенција. Со години, веб-услугите на „Амазон“ беа доволни за да го направат лидер во бизнисот, а нивниот „облак“ – темрин што се користи за за се опишат банки од сервери на кои би можело да се пристапи од било каде, беше доволно за тие да го добијат водството. Но, платформата на „Мајкрософт“, наречена „Азур“ постепено држи чекор и го превзема водството.
Договорот за серверот беше причина и за неколку судски случаи покренати од „Оракл“ и „ИБМ“, кои владата брзо ги отфрли и прогласи за неосновани. Меѓутоа, „Оракл“ беа упорни и случајот се уште е во тек, во кој се посочува конфликт на интереси кои се случиле помеѓу „Амазон“ и владата. Случајот е закажан за денеска. Случајот го одложи процесот на набавки, а Пентагон информира дека сака да објави со кој ќе го склучи договорот најдоцна до 23 август.
Елиса Смит, портпаролка на Пентагон, рече дека додека воените лидери се очекува да се вклучат во индустријата, никој од министерството за одбрана не учествувал во изготвување на барањата во договорот.
Останува да се види колку тврдењата за конфликтот ќе наштетат на „Амазон“ или ќе помогнат на „Мајкрософт“. Во текот на спорот, „Мајкрософт“ во голема мера останаа тивки. Во нивната изјава, тие само го истакнаа нивното 40-годишно партнерство и услугите кои ги нудат на војската на САД.