На 15 јули, на околу 615 километри над Земјата, рускиот сателит „Космос 2543“ ја активираше неговата специјална, досега тајна функција, со истрелување на проектил низ атмосферата, пишува „Фајненшл тајмс“.
Американските власти загрижени за намената на оваа функција, го следеа „Космос 2543“ со месеци откако го привлече вниманието преку добложување до американски шпионски сателит. Кога „Космос 2543“ го истрела проектилот, ги потврди американските сомнежи дека не станува збор за обичен сателит.
Русија негираше дека станува збор за тест на нова воена технологија, но инцидентот ги обнови меѓународните стравувања дека вселената станува нов фронт за стратешка глобална доминација – уште од плановите на американскиот претседател Роналд Реган за „Војна на ѕвездите“ за вселенска воена технологија. Тоа ги потенцира и новите закани за критичната инфраструктура на сателити преку која функционира ГПС-технологијата, како и способноста за лансирање на нуклеарните оружја.
Неколку дена откако Москва ги американските обвинувања за воен тест, претставници од двете држави се сренаа во ВИена за првите разговори на тема на вселенска безбедност уште по завршувањето на Студената војна.
Русија повеќе од една деценија неуспешно се обидува да издејствува договор за регулирање на оружјето во вселената, додека САД се обидува да организира слични разговори со Кина. Предизвик за дипломатите претставува постигнувањето на согласност околу тоа што спаѓа под вселенско оружје.
Администрацијата на Доналд Трамп го истакна интересот за обезбедување на неограничен пристап до вселената, што им е потребен на САД за воените, комуникациските и комерцијалните апликации, од кои зависат во поголема мера отколку која било друга држава.
Москва и Пекинг засебно предложија ограничувања на копнените оружја кои би можеле да претставуваат ризик за сателитите, но американските експерти сметаат дека Русија и Кина веќе ги развиле ваквите оружја.
Светските сили долго време целат кон вселената како на потенцијално боиште. Плановите на Реган од 1983 година наречени според популарниот научно-фантастичен филмски серијал „Војна на ѕвездите, предлагаа нов обид за развивање на вселенско оружје кое ќе се спротивстави на заканата од СССР, кој предупредуваше оти таквите системи ќе ја направат нуклеарната војна неизбежна.
САД денес ја третира вселената како „театар“ и ги претставува вселенските битки како симулации за идни големи конфликти. Русија исто така има одбранбена командна структура за да ја надгледува земјината атмосфера и поширокиот простор.
Но софистираните оружја не се неопходни за оневозможување или уништување на сателитите, туку тоа би можело да се случи со судир бидејќи тие се движат со голема брзина и се деликатни.