Tелохранител случајно пукна со пиштол во владиниот авион со кој патувал чешкиот премиер, Андреј Бабиш.
Од полицијата го потврдија случајот и истакнаа дека никој не е повреден.
Како што објавија чешките медиуми, телохранителот се обидувал да го испразни пиштолот, кратко по качувањето на Бабиш во леталото. Куршумот паднал во количка за храна, а авионот полетал еден час подоцна.
Сличен настан имаше во 1994 година, кога телохранителот на тогашниот чешки министер за одбрана Антонин Баудис случајно испука од пиштолот на лет до Шведска и го погоди резервоарот за гориво. И тогаш, како и сега никој не беше повреден.