Телото на поранешниот лидер на опозицијата во Демократската Република Конго, Етиен Шисикади, беше вратено во неговата татковина од Брисел, две години по неговата смрт. Враќањето беше одложено поради загриженоста дека опозицијата ќе го симне од власт тогашниот претседател Џозеф Кабила.
Шисикади (84) со децении беше лицето на опозициската партија на Конго, сѐ до неговата смрт во главниот град на Белгија, во февруари 2017 година.
Илјадници луѓе беа собрани во главниот град на Конго, Киншаса, за да го пречекаат ковчегот, кој пристигна завиткан во националното знаме.
Враќањето на неговото тело го исполнува ветувањето на неговиот син Филекс, кој неочекувано стапи на претседателската функција на почетокот на годинава.
Повеќе од десетици илјади луѓе ќе му оддадат почит денес на стадионот и претседатели од шест други африкански нации ќе присуствуваат на утрешната меморијална служба.