Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска повторно телефонски разговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, за затегнатите односи меѓу двете држави. Двајцата министри се слушнаа и завчера, откако претседателот на САД Доналд Трамп најави санкции за Турција, поради апсењето на американскиот протестантски свештеник Ендрју Брунсон.
Турција, пак, бара од САД да и го екстрадираат муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, да му се суди за организирањето на државниот удар во 2016 година. Свештеникот Брунсон, кој водел мала црква во Измир, е обвинет за поврзаност со Ѓулен, кој со децении живее и работи во САД. Турските власти го пуштија Брунсон од притвор, но тој останува во домашен притвор.