Британските евроскептици стравуваат дека владата во Лондон тајно планира да остане во Европската унија, пишува британскиот весник „Телеграф“.
Таа загриженост се појави откако беше објавено дека се издвоени стотици илјади фунти за изборите за Европскиот парламент 2019 година.
Според наводите на весникот, во прашање се 829 000 фунти издвоени за „активности во врска со изборите за ЕП 2019“.
Изборната комисија објаснува дека тие пари се издвоени „како мерка на претпазливост, за да може да ја исполни својата функција во случај изборите, сепак, да се одржат во таа земја, што е малку веројатно“.
Весникот напоменува дека изборите за ЕП треба да бидат одржани меѓу 23 и 26 јуни идната година, а Британија треба да ја напушти ЕУ речиси два месеца порано, на 29 март.