Жоаким Сон-Форже повторно создава неволји на социјалната мрежа
„Твитер“ го суспендира профилот на франуцскиот пратеник Жоаким Сон-Форже бидејќи на социјалната мрежа се претставуваше како Доналд Трамп и објавуваше пораки во име на американскиот претседател во заминување, објавува „Политико“.
Неколку часа откако „Твитер“ на Трамп трајно му забрани пристап на социјалната мрежа, името и фотографијата на верификуваниот профил на Сон-Форже, беа заменети со оние на американскиот претседател. Во еден од твитовите на „лажниот Трамп“ пишуваше „ПОМОШ“.
Ова не е прв случај во кој францускиот пратеник родум од Јужна Кореја, западна во неволји бидејќи го презема идентитетот на други политичари на Твитер. Минатиот април профилот на Сон-Форже беше изменет со сликата и името на францускиот претседател Емануел Макрон.
Тогаш во рок од неколку часа, профилот беше користен за објавување на повеќе пораки, вкучувајќи ја онаа во која Макрон изразува согласност со контроверзните изјави на Трамп во врска со наводната улога на Кина во ширење на коронавирусот.
Сон-Форже подоцна тврдеше дека неговиот телефон и твитер-профил биле хакирани.
Постапките на пратеникот на Твитер во 2018 година доведоа до негово напуштање на партијата на Макрон. Сон-Форже поднесе оставка откако беше критикуван од раководството на партијата поради сексистички твитови.