Во Лондон има фасцинатен систем на тунели и мистериозни подземни комори од периодот на Студената војна.
До неодамна британската влада овие тунели ги држеа во тајност. Повеќето биле во сопственост на Министерството за одбрана и никогаш не биле јавно признати, пренесува Би-би-си.
Во 2017 година, новообјавените податоци од катастар откриаат дека под Лондон има повеќе од четири милиони километри мрежи и телекомуникациски линии, од кои многу биле тајно изградени од поштата, британскиот телеком и Министерството за одбрана.
Најинтересно откритие беше таен поштенски тунел под седиштето на владата во Вајтхол 57. Изграден е за да се заштитат машините и комуникациите од атомски бомби во Студената војна, а бункерот излегува во подрумот на канцеларијата што некогаш го користел Винстон Черчил.
Во 2014 година, ланецот хотели „Рафлс“ купи зграда од педесет и четири илјади квадратни метри од Министерството за одбрана за триста и педесет милиони фунти. Овој хотел што ќе биде ново обележјето на Лондон, како еден од најлуксузните хотели во светот треба да се отвори во 2022 година.
Повеќе од триесет механизми со запчаници и десетина лифтови што се протегаат од работничката класа на Ист Енд до срцето на Вајтхол, го поврзуваат поштенскиот тунел со тајна подземна мрежа што претежно се појавува незабележливо во владините згради и телефонските централи.
Понатаму, недалеку од Вајтхол, телефонската централа отпорна на бомби, длабоко под улицата Хај Холборн, првично изградена како засолниште за владини воздушни напади во раните 1940-ти, беше строго доверлив центар за повеќе од двестотини инженери од 60-тите до 80-тите години на минатиот век.
Засолниште со два тунела било проширено со додавање на оригинални четири тунели под прав агол за да стане крајната точка на првиот транс-атлантски телефонски кабел и бил доволно простран за да може да има ресторан за вработени, кафе-бар, просторија за игри и бар каде било дозволено послужување алкохол.
Се тврди дека е тоа е бар сместен на најниска точка во Велика Британија, сместено приближно шеесет метри под нивото на улицата, под станицата на метрото Чезерин Лејн.
Иако јавноста нема пристап до кој било од овие новооткриени тунели, во Вајтхол има еден подземен бункер што јавноста може да го види, а тоа се просториите на воениот кабинет, отворен за посетителите во 1984 година.
Сепак, она што никој досега не го знаеше е дека е можно да се пешачи околу шест милји од овој подземен штаб на Черчил, источно од Бетнал Грин Роуд, Е1, за да се излезе од пристапната шахта на прометниот остров среде јавен автопат.
Гај Шрабсол ги мапирал овие податоци од земјишниот регистар во катастарот и открил некои од овие тајни тунели и ги објавил на неговиот блог „Кој е сопственик на Англија?“ И подоцна во истоимената книга, по шетањето по тунелите во Хај Холборн со помош на некои градски истражувачи напишал:
„Тоа доле е временска капсула за восхит, најверојатно од деведесеттите години според декорот. Имаш чувство како да си во подземна вселенска станица, скоро сите овие виугави тунели што продолжуваат понатаму но се исполнети со опрема покриена со прашина од времето кога се користела за комуникации за време на Студената војна“.
Иако Шрабсол можел да пристапи само до еден дел од тунелскиот систем, според него очигледно е дека има многу поголема мрежа.
„Деловите во кои влеговме беа напуштени, иако тие беа осветлени со светла кога бевме во нив, така што се гледа дека тоа било одржувано.
Марк Овенден, писател, водител и автор на книгата „ Подземни градови: Мапирање тунели, транзит и мрежи под нашите нозе“, објавено во септември, во својата книга пишува дека Лондон „поседува еден од широк спектар на сложени, скриени и добро користени премини, канали и цевки под градските улици “.
Според Овенден тоа делумно се должи на фактот дека за време на индустриската револуција дошол моментот кога Лондон станал најпрометниот и најмодерен град во светот.Имало многу повеќе потреба да се користи просторот под градот отколку на други места.
– Градот беше толку голем што не можеа да го срушат центарот на веќе изградената област, па мораа да градат под него.Само што таму живееа неверојатен број на луѓе во период кога технологијата дозволуваше повеќе правење на тунели – рекол Овенден.
Иако Велика Британија е една од најпрецизно мапираните земји во светот, Британската национална агенција за мапирање, го истражувала секој сантиметар над и под земјата, сепак има многу големи тајни.
Во Велика Британија има повеќе од милион и пол километри подземни услуги – водоснабдување, канализација, гас и електрична енергија, а се проценува дека има повеќе од четири милиони километри линии за пренос на податоци.