Американската тајна служба запре возило, кое се обиде да влезе во Белата куќа. Возачот бил приведен рано изутрината од агентите на тајната полиција кои запреле „сомнително возило“ кое се обидело да влезе во комплексот во Белата куќа, соопштија официјалните лица.
Инцидентот се случил околу шест часот изутрината, соопшти Тајната служба. Возачот, чиј идентитет не е објавен, се обидел со службено возило да влезе низ влезната врата.
Припадници на тајната служба го запреле возилото и возачот е веднаш притворен. Повикани биле полицијата и единицата за експлозивни направи. Инспекторите биле забележани како пребаруваат црно теренско возило „мерцедес“ со регистарска табличка од Тексас.
Нема информации дали било пронајдено нешто сомнително во возилото.