Евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор би имало катастрофални последици, предупреди денеска претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
– Многу сме загружени. Се наоѓаме на неколку недели до економска и хуманитарна кастраофа, Тоа е реалноста на Брегзит без договор. Тоа би било многу опасно решение, изјави Тајани по средбата со британската премиерка Тереза Меј во Брисел.
На средбата присуствуваше и главниот преговарач на Европарламнетот за Брегзит, Ги Верхофштат, кој го поздрави писмото што лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корвин до Меј, во кое и понуди поддршка за прифаќање на Договорот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, доколку таа се согласи на постојано британско членство во европската царинската унија.
Корбин побара усогласување на Лондон со царинскиот закон на ЕУ, заеднички надворешни царини и договор за комерцијална политика која го вклучува ставот на Велика Британија за идниот трговски договор со ЕУ.
Меј претходно денеска во Брисел се сретна и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој го повтори претходно искажаниот став дека ЕУ нема да прифати „повторно отворање“ на Договорот за Брегзит, но дополни дека се можни промени во анексот, што е во форма на политичка декларација.