Џалалудин Хакани, основач на исламистичката бунтовничка мрежа Хакани многу активна во Авганистан, почина после долго боледување, соопшти портпаролот на Талибанците, Забинулах Муџахед.
Тој наведе дека Хакани починал во Авганистан во понеделникот.
Хакани беше парализиран изминатите десет години и за него некое време немаше никакви информации.
Хакани ја основа истата мрежа кон крајот на 70-тие години за борба против присуството на СССР во Авганистан која добиваше помош од САД и Пакистан.
Екстремистичката мрежа на Хакани, САД ја прогласија за терористичка организација во 2012 година.