Новата талибанска власт им нареди на жените вработени во градските служби да останат дома, изјави денеска привремениот градоначалник на Кабул, Хамдулах Намони.
Според агенциите, привремениот градоначалник Намони им рекол на новинарите дека само жените што не можат да бидат заменети со мажи при извршување на работата, имаат право да аплицираат за работа.
Тој рече дека ова вклучува квалификувани работници во одделите за дизајн и инженерство.
Според медиумите, ова е уште еден знак дека Талибанците го наметнуваат своето сурово толкување на шеријатскиот закон, кој вклучува ограничувања за жените во јавниот живот, и покрај првичните ветувања за толеранција и вклученост.
Во претходните 90 -ти години, Талибанците им забранија на девојчињата и жените да одат на училиште и да работат.
Намони рече дека се уште се чека конечна одлука за вработените во општинските одделенија во Кабул, и дека тој во меѓувреме ќе ги зголеми платите.
Тој додаде дека пред преземањето на Авганистан од страна на Талибанците минатиот месец, нешто помалку од една третина од речиси 3.000 вработени во градските служби биле жени кои работеле во сите оддели.