Сведоштва од пожарите што ги зафатија САД
Американскиот западен брег е покриен со штетен чад од низата пожари што горат со денови, отежнувајќи ја работата на пожарникарите и спасувачите кои се обидуваат да пронајдат десетици исчезнати лица, пренесува Си-ен-ен.
Во пожарите, кои траат од средината на август, досега загинаа најмалку 28 лица, меѓу кои едногодишно бебе и дете во Вашингтон. Осум лица загинаа во Орегон, меѓу кои и еден тинејџер кој го зафатил пожарот додека бил во автомобилот со своето куче и неговата баба. Во пожарите загинаа 19 лица во Калифорнија.
Во Орегон илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Меѓу нив е и Лори Џонсон, која била разбудена среде ноќ од безбедносните сили во нејзиниот дом за да биде евакуирана.
Набргу откако заминала, нејзината куќа целосно изгорела.
„Излегов од куќата без чорапи, без ништо“, рече таа за Си-ен-ен. Во моментов е со семејството.
Денес, на западниот брег горат 97 големи пожари. Во голем дел од Орегон, Вашингтон, Калифорнија и некои делови на Ајдахо, квалитетот на воздухот е многу слаб поради пожарите. Експертите предупредуваат дека ова може да ги направи луѓето уште повеќе изложени на Ковид-19.
Во окрузите Клакамас и Мерион во Орегон, чадот вчера беше толку густ што не можеше да се види повеќе од три метри во далечината.
Домот на Наила Гарнер и нејзиниот сопруг во Орегон, изгоре целосно. Таа и нејзиниот сопруг излегле од дома во понеделникот откако ја виделе пораката дека е неопходно да бидат евакуирани.
„Сè изчезна, ова изгледа како воена зона“, рече таа за Си-ен-ен.
Четворица од осумте лица кои загинаа во Орегон потекнуваат од округот Мерион.
Меѓу нив се и 71-годишната Пеги Мосо и нејзиниот 13-годишен внук Вајат Тофте.
Вајат бил пронајден во автомобилот со кучето во скутот и неговата баба во автомобилот до него. Нејзината ќерка и мајка на Вајат се обидела да ги спаси, но не успеала во тоа.
Десетици луѓе во Орегон се водат како исчезнати. Најголемиот пожар што моментално гори уништи повеќе од 186.000 хектари. Повеќе од 40.000 луѓе беа евакуирани.
Пожарот во Холидеј Фарм во јужниот дел на Орегон е надвор од контрола и се заканува на 17.000 домови, иако временските услови се подобри.
Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем. Гувернерот на Орегон, Кејт Браун, во петокот изјави дека десетици жители се водат за исчезнати, а официјален претставник за управување со вонредни состојби изјави дека американската држава се подготвува за голем број смртни случаи.
Избувнувањето на катастрофалните пожари годинава беше под влијание на комбинација на силни ветрови, топлина, почести удари на гром и силна суша, а експертите објаснуваат дека сето тоа е резултат на климатските промени. Тие додаваат дека не треба да заборавиме на децениското лошо управување со шумите, кои станаа премногу густи, дозволувајќи им на пожарите да избијат и побрзо да се шират.