Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот воен авион
Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион во близина на Харков, во разговор со претставниците на локалната администрација објаснил што се случувало во моментот на несреќата.
„Сè беше како во компјутерска игра“, рекол тој.
– Не се сеќава на сè. Во еден момент, тој ја изгубил свеста, а потоа кога се повратил, излегол од остатоците на авионот и започнал да го гасне пламенот од еден од неговите колеги – изјавил шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер.
Воено-транспортниот авион „ан-26“ се урна во петокот вечерта во близина на градот Чугујев во областа на Харков за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум члена на екипажот и 20 кадети. Загинале 26.
Двајца кадети успеале да извлечат од авионот по паѓањето, но еден од нив починал во болница.
Медиумите објавија дека најверојатна причина за падот на авионот бил проблем со моторот, а мајката на еден од загинатите пилоти ја потврдила оваа теза, изјавувајќи дека нејзиниот син ден пред несреќата ѝ рекол дека авионот не е во добра состојба и дека моторите откажуваат.