Закон за „ликвидација“ на режимот на соборенот претседател Омар ал Башир, кој суверено владееше со државата речиси 30 години, беше одобрен синоќа од страна на властите во Судан.
Во законот насловен „Ликвидација на режимот воспоставен на 30 јуни 1989 година“ пишува „партијата на националниот конгрес се распушта, а нејзиниот имот се
запленува“.
Ниту еден од истакнатите членови на режимот и партијата не смее да
се занимава со политичка активност следните 10 години, според законот.
Претседателот Ал-Башир кој дојде на власт со државен удар во 1989 година со поддршка од исламистите, беше соборен од власт по протести кои траеја безмалку еден месец, и сега е во затвор. Тој е обвинет и за „злосторства против човештвото“ и за „геноцид“ во Дарфур“, но армијата не го предаде на Меѓунардониот кривичен суд во Хаг. Пресудата во судскиот процес за корупција против него се очекува на 14 декември.