Суданскиот претседател Омар ал Башир нареди веднаш да бидат ослободени сите политички затвореници во земјата, јави суданската државна агенција Суна.
Во информацијата на Суна не се прецизира колку лица ќе бидат ослободени, но се истакнува дека одлуката е донесена во духот на „помирување, национална хармонија и мир“. Според суданската агенцијата, ослободувањето на политичките затвореници „ја отвора вратата за учество на сите политички сили“ во дискусијата за проблемите на земјата.
Судан се соочува со валутна криза и хиперинфлација, кои предизвикаа незадоволство, иако јавни протести се забранети и редовно се спречуваат од страна на безбедносните сили.