Суд во турскиот град Измир осуди на доживотен затвор вкупно 104 луѓе обвинети за извршување дејствија поврзани со обидот за преврат во јули 2016 година во Турција.
Судот во Измир осуди и вкупно 137 луѓе осомничени за врски со терористичката организација ФЕТО.
Освен 104-та осудени на доживотен завор, уште 20 луѓе добија затворски казни од по 20 години поради „обиди за атентат врз претседателот“. Меѓу осудените лица има поранешни армиски припадници од кои генрали и припадници во Командата на ВВС, ВМС и копнените сили на Турција.
Според турските власти, ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен е одговорна за обидот за пуч во јули 2016 година.