Полицијата во Мјанмар денеска уапси стотици демонстранти во најголемата акција спроведена од почетокот на протестите против воениот удар што се случи на 1 февруари.
„Дефинитивно можеме да потврдиме дека има стотици апсења“, истакнаа од Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП), пренесе „Ројтерс“.
Се додава дека 10 автобуси со уапсените отишле во затвор и дека во секое возило имало помеѓу 40 и 50 лица.
– Се обидуваме да ги откриеме имињата на уапсените – додаде здружението.
Владата на премиерката Аунг Сан Су Чи беше соборена со воен удар.