Важно е да се разбере дека нема природен закон според кој НАТО треба да постои вечно. Тоа го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Стотенберг пред почетокот на дневниот состанок на шефовите на државите и владите на земјите од воено политичкиот сојуз.
– Треба да ја сочуваме Алијансата и да ја осовремениме. Се трудам да го ограничам колку што е можно негативното влијание на несогласувањата во НАТО. Досега тие не се рефлектираа толку многу, не знам како ќе биде во иднина. Мојата главна задача е 29-те држави на Алијансата да останат заедно па затоа барам заедничка основа. За главното прашање сме едногласни – трошоците за одбраната не се споделуваат подеднакво – рече Стотелберг.
По повод денешниот појадок со претседателот на САД, на кој Доналд Трамп забележа дека Германија е зависна од Русија за гас и за ниските одбранбени трошоци, Стотелберг истакна дека Трамп е јасен.
– САД го платија појадокот – убав сок од портокал и печени парчиња леб – прецизира тој.
Тој нагласи дека НАТО е половина од светската и трговска сила.
– Двете светски војни и Студената војна покажаа дека заедно сме посилни, тоа е добро за сите, особено за САД, бидејќи му овозможува да бидат светска сила – тие можат да бидат присутни во Азија и Африка. Европа е таа која им помогна на САД (по 11 септември 2001). Не постои друга сила или држава со толку многу сојузници во светот како САД. Заедно сме половина од светската воена и трговска сила – истакна Стотелберг, во контекст на изјавата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека САД треба да ги ценат сојузниците, бидејќи не се многу.
Посочи дека не гледаат непосредна закана за Русија по некои од сојузниците на НАТО.
– Мојот пристап кон Москва е изграден врз основа на моето искуство од 90-тите години како министер. Дури за време на Студената војна, Норвашка имаше односи со Москва. Има потреба да бидеме силни и цврсти, да вложуваме во безбедноста – тогаш можеме да водиме политички разговор со Русија. Но, не прифаќаме руско мешање во внатрешните работи на други држави, како нападот во Солсбери, обид за превласт во Црна Гора, настаните во Крим. Тоа не значи дека треба да се престане да се разговара со Москва – рече Стотелберг.