САД ја поздравија одлуката на македонскиот Парламент да започне уставни измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.
Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт „САД веруваат дека Договорот од Преспа е една историска шанса за зајакнување на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на целиот регион“.
Собранието вчера го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“.