Неколку средношколци во Сиднеј биле однесени во болница за да направат испитување на крвта откако нивни соученик ги боцнал со шприц што го нашол на автобуската станица, соопштија властите во Нов Јужен Велс.
Локалната полицијата соопшти дека ученикот „направил шега со шприц“ по што осум ученици отишле во болница за да се тестираат за инфекции.
Полицијата го испитува случајот и ќе разговара со ученикот.