Британската премиерка Тереза Меј утре ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а за подоцна е планирано да оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
– Германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде домаќин на средбата со Тереза Меј во Берлин во вторник, а Брегзит ќе биде на дневен рад – изјави портпаролот на германската Влада Штефен Зејберт.
Речиси истовремено, Елисејската палата соопшти дека претседателот Макрон утре вечер ќе има средба со Меј на тема Брегзит.
Меј ќе има средби со европските колеги еден ден пред Самитот на Европска Унија, на кој таа ќе побара продолжување на рокот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Неименувани претставници на Унијата изјавија дека е малку веројатно дека Брисел ќе стави вето на продолжување на рокот за Брегзит, но оти постои несогласување за уште колку време ќе биде пролонгирано излегувањето на Велика Британија од ЕУ.