Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави дека неговата средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур.
– Многу очекуваната средба меѓу Ким Џонг-ун и мене ќе се одржи во Сингапур на 12 јуни, напиша Трамп.
Во неговата објава на Твитер, Трамп нагласува дека тој и Ким ќе се обидат да ја претворат средбата во „еден многу значаен момент за Светскиот Мир“.
Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи на Сингапур, кое соопшти дека средбата меѓу Трамп и Ким ќе се одржи на 12 јуни на сингапурска територија.
– Сингапур е среќен што ќе биде домаќин на сребата, што ќе се одржи на 12 јуни. Се надеваме дека тие преговори ќе придонесат за промоција на мирот на Корејскиот Полуостров, се наведува во соопштението на сингапурското Министерството.