Припадници на безбедносните сили на Руската Федерација спречија терористички напад во Москва, пренесуваат руските медиуми.
ФСБ објави дека е приведен руски државјанин, кој планирал да активира импровизирана експлозивна направа во градскиот метеж, објавија медиумите.
Кај него биле пронајдени компоненти за правење на опасно оружје, додека во телефоните и лаптоповите, биле пронајдени упатства за производство на експлозивни направи и преписка со терористи кои се борат во Сирија, пишуваат новинарите во тамошните медиуми.
Соопштено е дека е покрената кривична постапка против терористите, чиј идентитет не е откриен.