Припадник на терористичка ќелија планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот претседател Франсоа Оланд.
Како што јави телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на судски извори, еден малолетник бил уапсен во Стразбур во април, заедно со уште три лица. Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата. Четворицата малолетни лица беа обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување. Подоцна е уапсен уште еден малолетник кој бил дел од групата.