Специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Курт Волкер поднесе оставка, откако конгресот го повика да сведочи во рамки на истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесуваат светските агенции.
Свиркачите од разузнавачката заедница го споменуваат Волкер во пријавата што деновиве беше објавена, и за него се вели дека се обидел да ја намали штетата на напорите на адвокатот на Доналд Трамп, Руди Џулијани, да изврши притисок врз Украина да ги испита демократите.
Стејт департментот досега не се изјасни за оставката.