Приватен спасувачки брод со 33 мигранти со денови бара безбедно пристаниште на Средоземното Море и моли некој да ги прими.
Екипажот на бродот „Си Воч 3“ со кој раководи германска хуманитарна група напиша на Твитер дека мигрантите биле спасени од води во близина на Либија на 22 декември.
Малта и Италија соопштија дека нема да дозволат влез во нивните пристаништа на приватни спасувачки бродови, а екипажот денеска апелираше до Германија да ги прими мигрантите, меѓу кои има и деца.
Мигрантите се од Нигерија, Либија и Брегот на Слоновата Коска.