Спасувачките екипи се обидуваат да спасат 21 рудар, кои се блокирани во рудник за јаглен во регионот Ксинџијанг во северозападниот дел на Кина.
Тие останале заглавени синоќа откако поплава ја прекинала електричната енергија под земја и ја нарушила комуникацијата.
Според првичните информации, осум од 29-те рудари кои се наоѓале на местото на инцидентот биле спасени.
Во моментов, се прават обиди за испумпување на водата од поплавеното окно и за снабдување со воздух во рудникот. Се поставуваат цевки, но пумпањето се спроведува многу тешко.