Шпанската хуманитарна група вчера соопшти дека спасила 123 мигранти од брод во Средоземно Море. Според нив, голем дел од игрантите покажувале знаци на претрпено насилство во Либија.
Според податоци на Меѓународната организација за мигранти, годинава 840 мигранти починале обидувајќи се да го поминат Средоземното Море на пат кон Европа.