Висок функционер на авганистанската влада се здоби со засолниште од страна на Велика Британија, откако беше киднапиран и измачуван од талибанците, пренесува „Гардијан“.
Докторот Мохамед Хакмал (42), првиот човек на авганистанското здравство, кој разви низа на револуционерни програми во неговата татковина. Тој беше принуден да побегне од Авганистан по неговото киднапирање. Во понеделникот, авганистанскиот парламент му ја додели наградата „Национален херој за јавно здравје“ за 2019 година. Ова е втор пат да му биде доделена оваа награда.
Хакмал изјавил дека неговото киднапирање ги покренало прашањата во врска постапките на британските власти кои тврдат дека е безбедно барателите на азил од Авганистан насила да се вратат во нивната држава, вклучувајќи го и Кабул, каде што тој беше киднапиран.
– Кабул не е безбедно место. Има илјадници примери за луѓе, меѓу кои се и вратените баратели на азил од Велика Британија, кои се цел на талибанците. Мојата влада не може да ме заштити – изјавил Хакмал.