Еден маж утрово нападнал верници во црква во центарот на Москва утрово и повредил две лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.
Полицијата по потера уапсила 26-годишен жител на регионот Липецк, а на осомничениот му е одреден притвор, пренесе „ТАСС“.
– Тој влегол во црквата на улицата Бакуњинска утрото на 16 февруари и ранил две лица со нож. Повредените се хоспитализирани и укажана им е лекарска помош – информира Ирина Волк.
Полицијата ги истражува причините и околностите на нападот што се случил во црквата „Свети Никола“.