Сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара, денеска е обвинета за проневера на државни средства, соопшти израелското Министерство за правда.
Сара Нетанјаху е осомничена за злоупотреба на околу 100.000 долари од официјалните фондови за кетеринг услуги во резиденцијата на премиерот во Ерусалим, се наведува во соопштението.
Израелската полиција претходно предложи да се покрене обвинение против Бенјамин Нетанјаху за два одделни случаи за корупција, додека тој негираше дека било што направил погрешно, отфрлајќи ги обвинувањата како „медиумски лов на вештерки“.
Премиерот Нетанјаху на 12 јуни полицијата го испрашуваше во врска со случајот купување на германски подморници вредни два милиони долари, а тоа, како што соопштија неговите најблиски соработници, беше првпат Нетанјаху да биде испрашуван за тој случај.
Се очекуваше дека Нетанјаху тој ден ќе биде испрашан и за случајот со гигантот за телекомуникации Безек, меѓутоа, полицијата соопшти дека тој не е испрашуван за тој случај.