На барање на САД, Советот за безбедност на ОН ќе одржи итна средба зад затворени врати по повод најновите напади врз два нафтени танкера во Заливот, соопштија дипломатски извори.
Два танкера, еден норвешки и еден јапонски, денес беа цел на напади за кои не е утврдено кој е одговорен. Нападите се случија во Оманското Море, среде Заливот, каде што ситуацијата е веќе напната поради кризата меѓу САД и Иран.
Пред четири месеци, беа спроведени напади врз четири брода покрај брегот на Обединетите Арапски Емирати.
Иранската агенција „Ирна“ претходно денеска објави дека иранските сили во Оманскиот залив евакуирале 44 морнари по пожарот на два танкера кои пловеале под знамиња на Панама и Маршаловите Острови, од кои еден потонал.