Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека го известил својот специјален советник за одбранбена политика, дека неговата услуга повеќе не му е потребна.
-Го известив синоќа Џон Болтон дека неговите услуги повеќе не се потребни во Белата куќа. Имав големо несогласување со неговите предлози, како и другите во администрацијата. Затоа побарав негова оставка, која му ја врачив утрово. Му се заблагодарувам на Џон за неговите услуги, напиша Трамп на Твитер.
Тој најави дека следната недела ќе објави кој ќе го наследи Болтон на оваа функција.
I informed John Bolton last night that his services are no longer needed at the White House. I disagreed strongly with many of his suggestions, as did others in the Administration, and therefore….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 10, 2019
На Твитер се огласи и Болтон: „Синоќа понудив оставка и претседателот Трамп рече: „Ќе зборуваме за тоа утре“.
Во кулоарите на Вашингтон се говори дека зад оставката, меѓу останатите, стои и државниот секретар Мајк Помпео, кој не се согласувал со многу од политиките што ги заговарал сега веќе поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Трамп, конкретно во однос на односите со Северна Кореја или мировните преговори со Талибанците во Авганистан.
I offered to resign last night and President Trump said, “Let’s talk about it tomorrow.”
— John Bolton (@AmbJohnBolton) September 10, 2019