Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на Твитер дека го известил својот специјален советник за одбранбена политика оти неговата услуга повеќе не му е потребна.
– Го известив синоќа Џон Болтон дека неговите услуги повеќе не се потребни во Белата куќа. Имав големо несогласување со неговите предлози, како и другите во администрацијата. Затоа побарав негова оставка, која му ја врачив утрово. Му се заблагодарувам на Џон за неговите услуги – напиша Трамп на Твитер.
Тој најави дека следната недела ќе објави кој ќе го наследи Болтон на оваа функција.
– Синоќа понудив оставка и претседателот Трамп рече дека ќе зборуваме за тоа утре – се огласи на Твитер и Болтон.
Во кулоарите на Вашингтон се говори дека зад оставката, меѓу другите, стои и државниот секретар Мајк Помпео, кој не се согласувал со многу од политиките што ги заговарал сега веќе поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Трамп, конкретно во однос на односите со Северна Кореја или мировните преговори со талибанците во Авганистан.