Компанијата „Бритиш ервејс“ веројатно го собори рекордот за субсоничен патнички лет, при што нејзин авион достигнаа брзина до 1.200 километри на час, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Патничкиот авион „боинг 747-436“ летал над Атлантикот океан ноќта меѓу саботата и неделата, во пресрет на бурата Кијара која се очекува во Велика Британија, а за која се верува дека ќе биде најсилната во последните седум години.
Според податоците од интернет-страницата „Флајт радар“, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Џеј-еф-кеј“ во Њујорк и пристигнал на „Хитроу“ за само четири часа и 56 минути.
Ова е една минута побрзо од летот на компанијата „Вирџин атлантик“ чиј авион „ербас А350“ стигнал на аеродромот само неколку минути подоцна.
Летовите на „Бритиш ервејс“ и „Вирџин атлантик“ го соборија претходниот рекорд што го држеше норвешка компанија. Во јануари 2018 година, од аеродромот „Џеј-еф-кеј“ до „Гетвик“ во Лондон, нејзиниот авион пристигнал за пет часа и 13 минути.
Просечното време за патување меѓу Лондон и Њујорк изнесува шест часа и 50 минути, пренесуваат светските агенции.