Три лица загинаа, а најмалку едно е повредено при колапс на покривот на некогашниот индустриски објект во Албизате, Ломбардија, пренесуваат локалните медиуми. Триесет и осумгодишна мајка починала на лице место и нејзиниот петгодишен син, а на повредите им подлегнало и 15-месечно бебе кое со хеликоптер било пренесено во болницата со тешки повреди.
Во несреќата што се случила вчера околу 17 часот, повредена е 42-годишна жена, која е во болница, но не е во животна опасност.
Агенцијата Анса наведува дека некогашниот индустриски објект, чиј покрив се урнал, се наоѓа во центарот на градот во кој живеат 5.000 жители.