Избија протести низ САД откако поротата одлучи да не покрене директни обвиненија против полицијата за убиството на Бриона Тејлор, која беше застрелана во Луивил во март.
Илјадници луѓе во речиси сите големи американски градови излегоа на протести, извикувајќи „Кажете го нејзиното, име“, „Бриона Тејлор“ и „Нема правда, нема мир“.
Двајца полицајци беа ранети во Луивил, по што не се во животна опасност. Полицијата приведе еден осомничен, но уште не е јасно дали пукањето е поврзано со протестите. Врз еден од полицајците бил извршен хируршки зафат, додека другиот е во стабилна состојба.
Мајката на Тејлор, Тамика Палмер, дозна за одлуката на судот неколку минути пред нејзината објава, на што реагираше семејниот адвокат Сем Агијар.
– Таа мораше да вози дотаму за да и биде соопштено ова, и покрај две барања да не ја принудуваат да оти таму, само за да дознае дека нема обвиненија – кажа Агијар.
Поранешниот полицаец Брет Ханкинсон се соочува со три полесни обвиненија за загрозување на животот на Тејлор, додека другите полицајци вмешани во инцидентот не беа обвинети, што предизвика незадоволство.
Градоначалникот на Луивил воведе полициски час во пресрет на објавата на судската одлука, а гувернерот на Кентаки Енди Бешир упати апел до демонстрантите да „одат дома“ преку видео-порака.