Свесен сум дека Косово е чувствителна тема, но политиката на САД во врска со тоа не е новост, изјави американскиот амбасадор во Србија Кајл Скот.
-Фокусот треба да остане на барање на сеопфатно решение и двете страни имаат наша поддршка во тоа. Севен сум дека ова е чувствителна тема, но политиката на САД во врска со Косово не е новост – напиша Скот на Твитер.
Изјавата на Кајл Скот дека Косово е суверена, а не таканаречена држава. ја критикуваа највисоките српски државни претставници.