Сите нови автомобили во Европската унија од следната недела ќе мора да имаат вграден систем што автоматски ќе повикува итна помош во случај на сообраќајна несреќа.
– Системот под назив еЦалл има можност да спаси многу животи намалувајќи време за реакција на итни служби, изјави генералниот секретар на Европската асоцијација на производители на автомобили, Ерик Јонерт.
Сензори во автомобилите автоматски ќе пренесат локација, точно време и насока во која возилото се движело пред сообраќајката. Дваесет и осум држави од ЕУ уште во 2015 година го одобрија системот еЦалл, а од овој викенд истекува тригодишниот преоден период.