Повеќе од 120.000 луѓе побегнале од југозападна Сирија од почетокот на офанзивата на владините сили, соопшти Сирискиот центар за човечки права со седиште во Лондон.
Центарот наведува дека неколку десетици илјади луѓе се наоѓаат на границата на Сирија со Јордан, додека илјадници побегнале кон Голанската висорамнина.
Директорот на Центарот, Рами Абдулраман изјави дека најголем број цивили го напуштиле источниот дел на провинцијата Дера, во момент кога владините сили напредуваат.
Владините сили на Сирија ја почнаа офанзивата во југозападниот дел на земјата во обид повторно да го заземат подрачјето кај границата со Јордан и Голанската висорамнина.