Сириските војска и нивните сојузнички милитантни групи се во состојба на зголемена готовност на целата територија на Сирија во очекување на можни „странски напади“, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според Центарот, како што јави ДПА, сириската армија почнала и со евакуција на некои позиции, кои се проценуваат како можни целите на евентуалните напади.
– Сириската армија е во целосна (борбена) готовност на сите аеродроми, поважни позиции во главниот град Дамаск и неговата околина, во Хомс, како и во крајбрежните региони на Латакија и Тартус – изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Активисти на Центарот од источната сириска провинција Деир ал Зур тврдат дека виделе припадници на владините сили како вршат евакуација на главните контролни пунктови.
Ваквите информации доаѓаат по вчерашните најава на американскиот претседателот Доналд Трамп дека САД „во следните 24 до 48 часа“ ќе го објават потенцијалниот одговор на „ужасниот и брутален напад со хемиско оружје“ во сирискиот град Дума.
Неидентификувани воени авиони вчера извршија напад врз база на сириската армија во провинцијата Хомс, при што загинаа најмалку 14 војници. Русија и Сирија за нападот го обвинија Израел, која засега не ги коментираше ваквите обвинувања.