Сириската армија ги опколи бунтовниците во неколку градови во северозападната провинција Хама и напредува подлабоко во територијата, објави денес државната телевизија „Икбари“.
Владините сили опколија повеќе од десет ридови и ја искористија контролата врз главниот автопат во покраината, објави телевизискиот репортер од теренот.
Голем дел од областа, вклучително и неколку градови што бунтовниците ги држеа со години, сега се или под контрола на војската, пренесува „Ројтерс“.