Единици на сириската и руската армија денеска влегоа во градот Дера, на крајниот југ на Сирија, каде во 2011 година, во екот на Арапската пролет, почна востанието против сирискиот водач Башар ал Асад.
Армиските единици поставиле сириски знамиња околу џамијата пред која во март 2011 година се одржа масовен протест против Асад – настан кој се смета за почеток на сунитскиот бунт против алавитската власт во Сирија.
Со симболичниот чекор денеска, сириската армија сака да означи целосен пораз на бунтовниците, кои веќе ги протера од најголемото урбано упориште – Алепо, како и од најголем дел од територијата.
Армијата и бунтовниците во Дера минатата недела постигнаа договор, преку руски посредници, за разоружување на бунтовниците во градот, со ветување дека ќе им се дозволи безбедно заминување на тие што не сакаат да останат во Дераа.