И покрај понудата за покачување на платите за 5 проценти, синдикатот на францускиот авио-превозник Ер Франс денеска реши да го продолжи штрајкот до мај.
Според планот на синдикатот, ќе се одржат штрајкови на 23 и 24 април, како и штрајкови во текот на мај, се додека менаџментот на компанијата не понуди повисоки плати за пилотите и екипажите на Ер Франс за барем шест проценти.
Компанијата претрпе штети од 220 милиони евра од досегашниот тек на штрајкот.