Малезиец беше осуден на далечина поради вмешаност во трговија дрога додека градот-држава се бори против коронавирусот

Авторка: Ребека Ретклиф

Гардијан

Едно лице беше осудено на смртна казна поради прекршок за трговија со дрога во Сингапур, преку апликацијата „Зум“, што е прва изречена ваква казна на далечина. Групите за заштита на човековите права ја осудија како нечовечка казната за Пунитан Генасан (37) од Малезија што е потсетник за неукинатата смртна казна за прекршоци поврзани со трговија со дрога.

Генасан беше обвинет за соучесништво во нелегална трговија на најмалку 28,5 килограми хероин преку координирање на двајца дилери во 2011 година. Тој негираше секаква поврзаност со нив, но неговата одбрана беше отфрлена минатиот петок. Портпарол на врховниот суд во Сингапур изјави за „Ројтерс“ дека судењето на Генасан се одвивало онлајн „заради безбедноста на сите вклучени во него“.

Државата е во карантин од почетокот на април по зголемувањето на бројот на случаи од коронавирус поврзани со центрите за сместување на мигрантски работници. Најитните судски случаи се одржуваа виртуелно додека многу други беа одложени.

Адвокатот на Генасан, Питер Фернандо, порача дека неговиот клиент добил пресуда преку апликацијата „Зум“ и планира да достави жалба. Исто така додаде дека не се противел на користењето на апликацијата, бидејќи тој бил единствениот начин за да се добие пресудата која јасно се слушнала и не биле презентирани други правни аргументи.

Правните експерти ја опишаа одлуката за одржување на случајот на далечина како нечувствителна.

– Крајниот процес на судењето и реалноста дека се случуваат погрешни пресуди во светот, кога станува збор за смртната казна, ги поттикнува прашањата зошто Сингапур брзаше да го затвори овој случај преку „Зум“ – порача Фил Робертсон, заменик-директор за азиската дивизија на „Хјуман рајтс воч“.

Во Сингапур е најстрого казнив прекршокот за нелегални супстанции и исто така е една од четирите држави познати по тоа што сè уште егзекутираат лица кои се товарат за престап за дрога, според „Амнести интернешенел“.

– Овој случај е уште еден потсетник дека Сингапур продолжува да им пркоси на меѓународните закони и стандарди со наметнување на задолжителна смртна казна за трговија со дрога – порача Кјара Санџорџо, советничка за заштита од смртна казна во групата за човекови права.

Четири лица беа егзекутирани во градот-држава лани, во споредба со тринаесетмината во 2018 година. Претставници на „Зум“ од Сингапур не беа веднаш достапни за коментар. Сличен случај во Нигерија, каде што едно лице беше осудено на смрт преку „Зум“ заради убиство на мајката на неговиот работодавач, исто така наиде на жестоки критики кај групите за заштита на човекови права.

Превод: Билјана Здравковска